Мек Грегор „гази“ по Хабиб на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор не прави многу промоции за борба против Хабиб Нурмагомедов за чиј појас во лесна категорија двоецот ќе се бори на 6 октомври на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Ова и не е толку изненадувачко, бидејќи интересот за мечот е огромен, а билетите беа распродадени за неколку минути кога беа пуштени во продажба.

Сепак, мајсторот на прмоцијата Мек Грегор фановите не ги остава со празни раце, маркетинг и психолошка војна на социјалните мрежи. Нурмагомедов неодамна ја објави својата фотографија на Инстаграм со коментар „чекор по чекор“, а Ирецот ја искористи приликата да го зајаде.

https://www.instagram.com/p/BnowVfEnCVi/?utm_source=ig_embed

Мек Грегор објави кратко видео од тренингот на кој изведува стоечки техники и додаде коментар:

„Чекор по чекор газам врз тебе“.

https://www.instagram.com/p/BnrtSYPHWxR/?utm_source=ig_embed

Ирецот ќе се врати во слободните броби во Лас Вегас по две години отсуство од УФЦ. Во меѓувреме  се бореше само во боксерски меч против Флојд Мејведер минатата година. Ноториус вчера во продажба го лансираше своето виски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО