Сесвете поразени на домашен ринг од Лозница

 

Боксерите од Сесвете во продолжението на Регионалната лига ја дочекаа Лозница.

Гостите од Србија славеа со резултат од 10-6, а Сесвете два меча загуби без борба.

По шест кола Сесвете се со биланс 4-2, а Лозница има 3 победи и 3 порази.

Победа за Сесвете постигнаа Мате Рудан против Симеон Чамов во категоријата до 75 и Лео Цветковиќ против Никола Стевановиќ, во категоријата до 81 килограми.

Стипан Претњача е поразен со поделена одлука на судиите од Бугаринот Елијан Димитров.

Од идната недела стартува и нашиот претставник Пинк Пантер од Штип.

БК СЕСВЕТЕ – БК ЛОЗНИЦА 6-10
-56 кг: Стефан Иванов – Игор Перто (едногласна одлука на судиите)
-60 кг: Милош Јанковиќ – Матеј Шимец (над дозволената тежина на мерењето)
-64 кг: Елијан Димитров – Стипан Претњача (поделена одлука на судиите)
-69 кг: Без претставник – Милош Пал (В.О)
-75 кг: Мате Рудан – Симеон Чамов (едногласна одлука на судиите)
-81 кг: Лео Цветковиќ – Никола Стевановиќ (едногласна одлука)
-91 кг: Лука Пратљачиќ – без претставник (В.О.)
+91 кг: Владан Бабиќ – Бранимир Ловрен (В.О.)

Сесвете има 8 бода, пред екипите на Спартак, Лозница и Радник Бјелина со 6, Лазаревац/Ваљево 4, Пинк Пантер и Славија по 2 бода.

Екипата на Спартак е со 4 средби, а Сесвете има 5, како и Лозница и Радник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО