Били Џо Сандерс го победи Вили Монро

Били Џо Сандерс мината ноќ ја одбрани ВБО титулата во средна категорија по победата над Вили Монро Јуниор.

Ова беше прва битка на Сандерс по освојувањето на титулата во декември од Артур Акамов.

Американскиот противник на Сандерс се жалеше на понижувачкото однесување за целиот викенд на неговиот престој во Лондон, дури беше удрен во гениталиите од помладиот син на шампионот.

Саундерс во моментов се подготвува под раководство на поранешниот олимпиец Доминик Ингл.

„Повторно чувствувам глад за победи откако работам со Доминикc. Мојата единствена мисла беше да го завршам овој дуел, за да добијам друг. Го победив со чист бокс. Беше малку досадно за фановите, но го победив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО