Сергеј Павлович ги воодушеви приврзаниците со својата брзина и боксерска техника (ВИДЕО)

Рускиот нокаутер Сергеј Павлович во текот на кариерата победи 17 пати, а има и еден пораз.

Во ноември 2018 година загуби од Алистер Оверем, по што извојува пет победи во низа.

Минатата година, на почетокот на декември, Сергеј со нокаут за 54 секунди го победи Таи Туиваса.

Следниот настап на Павлович е на 22 април на настанот УФЦ Фајт најт 222 против Кертис Блејдес, тоа ќе биде судир на тешкашите од врвната категорија.

На Русинот му претстои досега најтешкиот меч во кариерата. Имено, Блејдес има и 17 победи во кариерата и само три порази. Тие три меча ги загуби со нокаут.

Сергеј сигурно ќе претставува голема опасност за американскиот борец со своите разорни удари.

Во последната објава на Инстаграм Павлович ја демонстрираше брзината на рацете, и покажа дека Блејдес го чека многу сериозен противник. Рускиот борец има одлична боксерска техника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО