Сергеј Харитонов потпиша за Белатор

Sergei Kharitonov vs Andrei Arlovski

Белатор во своите редови доведе уште едно големо засилување.

Рускиот тешкаш Сергеј Харитонов потпиша договор на повеќе борбо со американската промоција во која повторно ќе работи со Скот Кокер, со кого соработуваа во Страјкфорс.

Хартитонов (35 г.) е во серија од 5 ММА победи, а без пораз е од септември 2011 година кога загуби во полуфиналето на Гран при на Страјкфорс од Џош Барнет.

Во својата кариера го соладал Алистер Оверем, Фабрицио Вердум, Педро Рицо, Мурило Ру и Андреј Арловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО