Сергеј Харитонов изненадувачки неокаутиран во Израел (ВИДЕО)

Откако во последните двамеча ги нокаутира Мет Митрион и Рој Нелсон, Сергеј Харитонов (29-6-2 НЦ) беше на чекор да се бори за титулата на Белатор.

Но, тој чекор не го направи, затоа што во Тел Авив изненадувачки беше поразен од Линтон Васел (18-8-1НЦ).

36-годишниот Англичанец, кој два пати се бореше за појасот на Белакор во полутешка категорија, ја прекина серијата од три порази со нокаутирајќи го 39-годишниот Русин со граунд и паунд во втората рунда.

27-годишниот Американец Сиднеј Аутло (13-3) стигна до деветата последователна победа совладувајќи го со судиска одлука поранешниот борец на УФЦ Роџер Хуерта (24-12-1-1 НЦ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО