Серафимов го победи Мејведер, ама Тони Насковски го порази Бугаринот!

toni_naskovski_1999

Флојд Мејведер влегува во утрешниот „меч на столетието“ против Мани Пакијао со рекорд од 47 победи во професионалната кариера, но минатиот период се пишуваше многу за последниот боксер кој славел во аматерскиот ринг над Мејвердер, Бугаринот Серафим Тодоров, во полуфиналето на ЛОИ 1996 година.

Сепак, до редакцијата на derbi.mk стигнала интересна забелешка од страна на колегата Зоран Михајлов, кој во својата работна кариера има коментирано многу мечеви од боксот и борењето.

– Македонскиот боксер Тони Насковски го совлада Серафим Тодоров во професионален меч кој се одржа во Велес, во 1999 година. Тодоров по Олимписките игри проба да влезе меѓу професионалците, а во исто време и Насковски ја започна својата кариера. Тоа е единствен пораз на Бугаринот во неговите професионални мечеви,- ни соопшти Михајлов.

Мечот на Мејведер и Пакјао се одржува на 2 мај во Лас Вегас, но ниту една македонска телевизија нема соопштено дека ги обезбедила правата за пренос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО