СЕНЗАЦИОНАЛНО: УФЦ доаѓа во Загреб!

UFC-Zagreb

Пристигна сензационална вест од УФЦ. Од најсилната светска ММА промоција го потврдија одржувањето на настан во Загреб, Хрватска. Настанот насловен како УФЦ Фајт најт Загреб, ќе се одржи на 10 април во Арена Загреб.

Ова е одлична вест за сите хрватски и регионални љубители на мешаните боречки вештини, кои конечно го дочекаа она што го заслужуваат и што веќе некое време и се ветува.

Хрватска е дом на една од најголемите и сега веќе легендарниот мешовит борец, Мирко Кро Кап Филиповиќ, кој го почувствува успехот во големите боречки организации како Прајд, K1 и УФЦ.

Неодмана успех имаше и Стипе Миочиќ, другата голема ѕвезда со хрватско потекло, кој на УФЦ 195 покажа доминантни перформанси против поранешниот шампион во тешка категорија Андреј Арловски.

„Мојот сон е ако би можел да се борам во Хрватска, за прв пат ја посетив во 2015 година, кога дојдов да тренирам со Мирко Кро Кап и морам да кажам дека беше прекрасно искуство само да ја видам земјата и поминам некое време со своето семејство. Во моментов не знам што ми подготвува УФЦ, но дефинитивно планирам да се вратам во Хрватска, без оглед на причината“, рече Миочиќ по победата.

Популарноста на мешани боречки вештини, кој на овие простори ја создаде Кро Кап, а по него ја продолжи Стипе Миочиќ, беше доволна челниците на најсилната ММА промоција конечно да се одлучат за еден таков потег. Покрај Загреб, објавена е приредба која треба да се одржи на 8 мај во Холандија.

„Овие два настани, на сосема нови пазари, се навистина сведоштво за растот на брендот УФЦ. Фановите бараа локални настани во живо и нема да ги разочараме со две неодоливи настани“, коментира Џејмс Елиот, УФЦ ЕМЕА генерален директор и заменик-претседател.

Билети за УФЦ Фајт најт Загреб ќе бидат пуштени во продажба во петок, 12 февруари 2016 година. Билетите може да се купат преку системот за продажба на карти Eventim. УФЦ Фајт клуб членовите имаат можност да купат билети во средата, на 10 февруари, преку www.ufcfightclub.com. Исто така, преплатниците на УФЦ билетнот, ќе имаат предност во однос на другите во купувањето на билети во петок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО