Сензационалните Кубанци први финалисти на ВСБ/WSB (ВИДЕО)

Куба Домадорес ќе има прилика по трет пат да станат шампиони на ВСБ/WSB.

По 3-2 во Париз, Кубанците во реваншот во Хавана со 5-0 ги згазија Французите.

Поведоа по борбата во полумува категорија во која Дамијан Арче Дуарте со 3-0 беше подобар од Самуел Кармон и му го нанесе првиот пораз на Шпанецот во петиот меч во ВСБ.

24-годишниот двојно олимписки победник, Робизи Рамирез, во категоријата до 56 килограми, исто така славеше со едногласна судиска одлука против Самуел Кистохари.

22-годишниот светски шампион од Хамбург, Енди Круз Гомез го нокаутира Морган Н’Донг во третата рунда во полувелтер категорија.

Олимпискиот победник и светски шампион Арлен Лопез зголеми на 4-0 со прекин во четвртата рунда против Мартин Овон.

Уверлива изведба на Домадорс ја заврши светскиот шампион во тешка категорија Ерисланди Савон победувајќи го со прекин во петата рунда на Силвејн Лусе.

Во вториот полуфинален меч Астана Арланс против Британските Лајонхартси ја бранат предноста 3-2 од првата средба во Лондон.

https://www.facebook.com/WSB.Boxing/videos/10157451240914829/

https://www.facebook.com/WSB.Boxing/videos/10157450969809829/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО