Морина, Весели и Свинарски со бронзите во Карате 1 Младинската лига го трасираат патот за Аргентина

 

Македонските каратисти освоија три бронзи на Карате 1 Младинската лига во Софија, Бугарија. Брозените медали ги освоија Сајра Морина, Фаик Весели и Марио Свинарски. Многу близу до борнзата беше и Марија Милева.

Весели може да жали што не се најде во финалето, будејќи борбата во полуфиналето заврши 0-0 и изгуби со судиско изјаснување.

Да потсетиме дека Младинската лига е од кавлификациски карактер за младинските Олмписки игри во Буенос Аирес, Аргентина, во почетокот на септември.

Марија Милева во борбата за бронзениот медал загуби од Јучун Веи од Кина со судиско изјаснување, бидејќи борбата заврши 0-0. Милева преходно забележа три победи и пораз.

Добар впечаток денеска оставија и Столе Смилковски, кој бешево истата категорија со Фаик Весели, со три победи и еден пораз. Омер Муслии (Матејче) има скор 3-1, кадети – 63 кг. Додека Симона Симовска (јуниори, -59 кг) по поразот во првото коло, доби шанса во репасажот каде што забележа победа и пораз.

Резултати

Јунори +59кг
Сајра Морина (Кеикс) – Сарах Хагенар (Холандија) 1-0
Сајра Морина (Кеикс) – Татијана Миронова (Русија) 4-0
Сајра Морина (Кеикс) – Сара Дијаз (Данска) 6-0
Сајра Морина (Кеикс) – Леа Вукоја (Хрватска) 2-0
полуфинале
Сајра Морина (Кеикс) – Мишел Фонсека Ромеро (Порторико) 0-2
За бронза
Сајра Морина (Кеикс) – Ања Лолиќ (Босна и Херцеговина) 1-0

-61 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт) –Алесио Ванакоре (Швајцарија) 3-1
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Вјачеслав Хороших (Казахстан) 1-0
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Мухамаддабалазиз Ходјаќулов (Узбекистан) 2-0
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Михаил Поимцев (Русија) 0-0
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Владислав Талдикин (Русија) 2-0
Полуфинале
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Мохамед Аласисри (Саудиска Арабија) 0-0
За бронза
Фаик Весели (Олимпик спорт) – Максимилијано Флорес (Чиле) 5-4

Кадети – 63 кг
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Микеле Монтуро (Италија) 4-0
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Ставрос Палијарутас (Грција) 3-0
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Стефен Лијод (Англија) 4-4
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Хасан Масарвех (Јордан) 3-4
Репасаж
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Томас Фреире Фуентес (Чиле) 2-0
За бронза
Марио Свинарски (Олимпик спорт) – Андреј Тодоров (Бугарија) 2-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО