Сенсеи Иванчо Горјанин го одбележа настанот „Денови на Бушидо“ со хуманитарна иницијатива

Ви се обраќам повод денот 29 февруари, кога некако започна настанот „Денови на Бушидо”. Да, изминаа 4 години и многу нешта се случија и променија, но, ете, јас не би сакал да помине баш така неосетно, вели сенсеи Иванчо Горјанин и додава:

„По тој повод во моето скромно доџо ќе ве поканувам лично да нѐ посетите на шоља чај и будо (бушидо) разговор, дружба секако.

Овој микро настан ќе започне со оригами работилница за деца и возрасни од 18:30, а во 20:30 е одредено времето за нашата бушидо токс тема.

Би се радувал да се видиме и да одбележиме еден ваков ден повторливи само на секои 4 години.

Ве молам за било какви идеи секако и потврда замолувам да ме информирате“.

Горјанин посетува на почетокот.

„Да се потсетиме настанот кој се одржа во 2020 година, под еден покрив ги спои учителите и практикантите од секаде и во тогашното Јамамори доџо се потпиша историската „Бушидо повелба за меѓусебна почит, разбирање и соработка“ меѓу будоките и отвори една нова димензија во умеењето, разбирањето и праксата на будо културата, нешто што многу малку се знае кај нас.

Четири години подоцна се чуствуваат резултатите  од сето тоа, се отвораат нови доџо-а, се користи правилно будо терминологијата како и самата пракса.

Оваа година во новоотвореното ТЕНРЈУ – СОРА ДОЏО (Tenryū – Sōra Dojo) успеавме да го одбележиме настанот повторно, но и прошириме со нови содржини како и публика.

Имено, настанот го отворивме со работилница за оригами за деца и возрасни и приказни за деца, водени од професор Чие Нагашима од центарот за јапонски јазик и култура „Цреша”, потоа следеше мала церемонија на чајот, по што во завршниот чин беше „отварањето” на Повелбата за потпис на нови поддржувачи и практиканти на истата.

Настанот го одбележавме и со инцијативата за донации „ЗА КАРА” на која итно и се потребни средства за лекување и воедно ве замолувам сите вие кои го читате ова да бидете „Змејови и да ги раширете крилјата” да помогнеме. За секоја донација следува бесплатен сет тренинзи во ТенРју Сора доџо.

Ако кажам дека сум среќен за сево ова би било премалку од мојата вистинска радост.

Денови на Бушидо е концепт и идеја која од искра на потврдени вљубеници, ентузијасти, будоки веќе запламтува и веќе еден традиционален настан кој ќе се поддржува и живее и понатаму.

Мојата искрена благодарност до сите кои го поддржуваат овој настан и до сите кои го „дишат” духот на Бушидо.

Се гледаме на 29ти Февруари  2028 година“, порача Горјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО