Седум медали за Миоки на турнирите во Србија и Босна и Херцегоивина

mioki na turniri

 Џудо клубот Миоки на меѓународните турнири во Босна и Херцеговина и Србија викендов освои седум медали.

mioki na turniri 2

На меѓународниот турнир „Борса опен“ во Мостар, Босна и Херцеговина, Хамза Јашари (-55 кг, пионери) освои сребрен медал.

На турнирот учествуваа околу 1000 џудисти од 16 држави во 6 старосни групи.

 На меѓународниот турнир „Куп на Краљево“ во Србија, Еди Шерифовски (-66 кг) освои прво место во  пионерска конкуренција, а Христина Дескова (-57 кг) трето. Кадетките Наталија Динова (-52 кг ) и Берна Шерифовска (-57 кг) ги освоија првите места во своите категории.

  Настапија околу 350 џудисти од 7 држави во 3 старосни групи.

mioki na turniri 3

На меѓународниот турнир „Бечеј 2015“ исто така во Србија, Берна Шерифовска (57 кг, кадети) беше прва, како и Христина Дескова (57 кг, пионерки), во конкуренција на 416  џудисти од 12 држави во 3 старосни групи.

„Ова беше еден од ретките меѓународни турнири каде конкуренцијата значително беше зголемена поради паричните награди кои ги добиваа финалистите“, велат од Миоки.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО