„Прилеп-град херој“ џудо турнир по 7-ми пат на „11 Октомври“

Plakat za seisin turnir 7-mi Prilep

По повод националниот празник 11 Октомври на тој датум (недела) ќе се одржи 7-от Меѓународен турнир во џудо „Прилеп -град херој-2015“ за пионери и кадети во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески -Ричко“.

Турнирот го организра ЏК „Сеишин“ од Прилеп со поддршка на Џудо федерацијата на Македонија. Се очекува да настапат сите клубови од Македонија, а најавени се и неколку клубови од Бугарија, Грција, Србија и Косово.

„Целта е џудистите да се дружат и се почитуваат, како и да стекнат искуство и најбитното, да постигнат успеси. Клубот остварува соработк со дуги клубови кај кои гостува и обратно. На досегашните 6 турнири настспиле околу 1000 џудисти. Ланската година имаше 205 натпреварувачи. Обично, најбројни се гостите од Бугарија, потоа од Грција, Косово и Србија“, велат од Сеишин.

Турнирот ќе се одвива на 2 борилишта со 6 национални судии и натпреварувачка комисија согласно правилата кои ги налага Џудо федерацијата на Македонија.

Борбите започнуваат во 10:30 часот. За љубители на оваа боречка вештина и воопшто на џудото, како олимписки спорт, ќе бидат во можност да проследат интересни борби.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО