Се појави снимка од средбата на Федор со ФБИ (ВИДЕО)

Федор Емилијаненко за време на неговиот престој во Чикаго имаше непланирана средба со ФБИ, а сега се појави и видео.

Легендарниот борец заедно со Френк Мир минатиот викенд го предводеше настанот на Белатор, но мораше да поразговара и со агентите на Федералната криминална полиција. ФБИ му пристапи на Емелијаненко уште во вторникот во неговиот хотел што може да се види на снимката, а наводно го следеле во текот на неговиот престој во САД.

За што точно агентите разговарале со Федор не е познато, но по борбата Русинот изјави дека разговорот поминал без проблеми и на шега призна „не е шпион“.

Што се однесува до Белотара 198, Емелијаненко го нокаутира Мир во првата минута од борбата и отиде во полуфиналето на турнирот во тешка категорија. Следен противник ќе му биде Чаел Сонен кој вопрвото коло го победи Квинтон Џексон – Ремпејџ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО