Се огласи Кормиер: Се извинувам…

Требаше да помине еден ден на Даниел Кормиер да му легнат впечатоците по поразот од Џон Џонс, на кои во прв момент не реагираше како што треба како еден спортист. Преку Инстаграм го направи она што требаше во кафезот.

Многумина му забележаа на Кормиер дека емоции премногу го понеле. Прво, по по прекинот се караше со судијата Мек Карти, на Џон Џонс не можеше да му честита и едвај му даде изјава на Џо Роган. ММА јавноста поради тоа го зеде на заб и рече дека не знае да прифати пораз. Кога легнаа емоциите, Кормиер собра сила да напише објава на Инстаграм.

„Прво би сакал на сите да и се заблагодарам за убавите зборови, почувствував поддршка. Сакам да и честитам на Џон Џонс и неговиот тим. Одработија феноменална работа и дојдоа до победа. Исто така, сакам да му се извинам на Биг Џон Мек Карти за однесувањето спрема него. Благодарен сум за времето што ми го даде да се обидам да се одбранам и да останам во борбата. Со причина си најдобар во својата работа. Сакам да се заблагодарам на мојот тим и тренерите. Ве сакам со целото мое срце, вашето време и енергија засекогаш ќе ги ценам. Направите фантастична работа, бев потполно подготвен. Тоа е борба и некои работи едноставно се случуваат. И благодарам на Дана Вајт и УФЦ како најдобра ММА промоција. И уште еднаш, честитки до Џон Џонс и на тимот Џексон Винк“.

Ќе биде интересно да се види какви ќе бидат следните планови на Даниел Кормиер. Со 38 години секако не е лесно да останеш без шампионскиот појас, бидејќи патот за враќање е тежок, а со годините ДК ќе биде само побавен и послаб. Тешко е да се заклучи што може да се случи.

https://www.instagram.com/p/BXMcRjEhW6j/?taken-by=dc_mma

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО