Сашко Мирчевски: Цел Балкан слушна за нас, а во Општина Битола не не познавале!

Во Нинџуцу клубот Битола се изненадени и разочарани како никој во Општина Битола не ги забележал нивните успеси, а Бога ми и напорната работа, поради што клубот не добил ни денар од општинските пари за развој на спортот.

„Секој ден сум на планина, навечер на душеци во сала, за да создадеме нешто. Не сум политички определен, само сакам да вежбаме и да го развиваме боречкиот спорт, колку што дозволуваат можностите, а во нашата Општина Битола не го знаат Нинџуцу Клуб Битола. Бараа во барањето да ги оправдам ланските 15.000 денари , а јас оправдав 150.000 денари. Како успеавме да ги оствариме турнирите, јас си знам најдобро. И сега ќе излезат некои да ми кажуваат работи со клубот ќе го добиеш тоа што го заслужи!? Кој мотив , која волја да се има да се вложи живот во боречки вештини, за да ги мотивираш учениците да вежбаат учениците. И во моментот кога правиш најголеми резултати влегуваш во најголеми битки кои ретко кој би влегол – те блокираат оние кои се нарекуваат државни установи и се должни да помогнат, но не и во нашата Општина Битола, за жал. Во нашето опшество онај кој се развива, оди напред , создава, не е пожелен, па затоа голем дел интелектуална маса не случајно си заминаа од нашата Битола. Добар момент да се замисли човек каде да го потроши својот животен потенцијал и енергија“, неведува тренерот на НК Битола Сашко Мирчевски.

„Одам да прашам во нашата Општина Битола до каде е процедурата за барање што го имав поднесено од Нинџуцу клуб Битола и ми кажуваат дека не го познавале нашиот клуб и не е одобрено барањето, а цел Балкан слушна за нас, па и подалеку.  Ден- денес ми се јавуваат менаџери да ми бараат борци за турнири. На денот на спортисти на Битола добиваме признание за тројца млади спортисти, а не знам дали друг боречки клуб од Битола добил толку за оваа година. Уште тројца не ги номинирав со исти резултати. Кога сите одат на „1Мај“ по ливади, јас со моите најсериозни воини се потиме на татами; кога сите на викенд излегуваат по кафеани, дискотеки, јас и моите борци вежбаме. За мене нема викенд, одмор. Јас и моите борци вежбаме да создадеме нешто. Пред се школа од која ќе треба да излегуваат борци за почит! Ако во ова опшество се знае барем малку за тој збор! На кого да ги посветиме нашите победи во иднина кога ќе одиме на турнири за БИТОЛА? За МАКЕДОНИЈА? Бевме на 10 турнири за боречки спортови (6 ПРОФИ ММА) колку и да не не сакаат, ајде нека успеат да појдат во една година не само со еден борец, туку тим од борци. Остваривме 4 семинари и сите други боречки битолски клубови се понаградени од нас (немам ништо против нив ) но кај да се ЖАЛИМЕ за тоа?“, прашува Мирчевски.

А што направи НК Битола во овој период!

Во јануари во Загреб тројца борци на клубот оставрија две победи и пораз на поени во јака борба против многу искусни и познати борци од рангот на Амеркиен топ тим. Борче Талевски се сретна со И.Трушчек и го шокира целиот регион, па и дел од Европа со победата на еден искусен борец кој има високи амбиции во ММА. Блаже Дардов за 4 секунди нокаутираше противник со што постави  рекорд во Европа за најбрз нокаут во ММА борбите. Во истиот месец во Дубровник Филип Божиновски забележа победа против борец на Гладијатор тим, еден од најсилните клубови на Балканот. Медали и меѓународни прваци од Ниш и Монтана во БЏЏ. Лично призание од бугаркит школи за школа од Македонија која е на добар пат во БЏЏ спортот.

„БЏЏ семинар со гости од Минхен. Оние кои ни го дадоа правото да бидеме дел од Поунд фор поунд тимот. Брендирана школа. На турнирот „Скопје опен 2017“ имавме огромен успех. На Државното првенство во Штип имавме многу државни прваци. И семинари, за кои само ние знаеме каков интензитет и квалитет имаа. 24-часовен тренинг преземен од израелска школа која е една од најдобрите за нинџуцу низ светот. Најголемиот успех на спортски план го направивме 2017 година, учествувавме на10 тунири. Во 2016 Дијана Мирчевска беше два пати апсолутен првак во Србија, Ниш во БЏЏ за сите појаси, како и во Подгорица. И на Државното во охрид беше апсолутен шампион, само што никогаш не сум ја истакнувал. До ден-денес од Србија и стигаат покани за борби. Ја предизвикуваат. Во септември пак ја враќам на натпреварувања. Никогаш не сум ја кандидирал за спортист на Битола, очекував некој ќе каже браво за Дијана, но слабо…“, посочува Мирчевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО