Марјанчо Лазаревски: Медал од Европско првенство е голема работа, за брзо време може да очекуваме успех и во сениорска конкуренција!

Селекторот на македонската ИТФ таеквондо репрезентација, Марјанчо Лазревски, вели дека бронзнеите медали на Ацо Јосифоски на Европското првенство во Талин, Естонија, многу значат за овој спорт во нашата земја, иако се во конкуренција за ветерани.

„Презадоволен сум! Медал од Европско првенство е голема работа. Кај ветераните сите мајстори се со повисоки појаси и тоа дава поголема тежина“, истакнува Лазаревски.

Секако, како неодминливо се поставува прашањето кога може да очекуваме медали во сениорска конкуренција. На ЕП настапивме со еден натпреварувач, Филип Јосифоски. Но, и дали експедицијата треба да биде поголема, бидејќи на турнирите се постигнуваат забележителни резултати

„Па, мислам дека за брзо можеме и да очекуваме и медал во сениорска конкуренција. Другата година ЕП е во Римини, Италија, и мислам дека ќе одиме во поширок состав“, нагласува Лазаревски.

На Европско првенство учестваа 33 земји од Европа со над 1200 учесници, при што Ацо Јосифовски освои два бронзени медали за ветерани во  форми за црн појас IV дан и борби -73 кг.

„Иако се брознени, светат како злато, бидејќи после долги години повторно успеавме да се качиме на европскиот пиедестал, со што го  кренавме и рејтингот на нашата држава во европската ИТФ. Може да се пофалиме дека  имаше репрезентации на држави кои настапија со многу поголеми екипи и не земаа медал“, вели Лазаревски, додавајќи дека до полуфиналето во форми лесно ги совладал  противниците од Норвешка и Англија, а во полуфиналето против Шкот  направил еден погрешен елемент, што било пресудно во борбата за златото. Во борби со Латвиецот влегол недоволно загреан  и со тесна разлика ја изгубил борбата, додека со претсавниците од Финска и Шпанија го покажа квалитетот на старата школа.

Филип Јосифски кој се наптреваруваше во сениори во три дисциплини  форми за црн појас II дан , специјални техники и борби -64 кг, во форми загуби  уште во првиот круг, а главен противник му била тремата. Во борби, каде што е најсилен, се паднал во најтешката група, со Бугарин европски вицешампион на првенството, Русин и Велшанец. Покажал одлични борби, но нерешенире резултати со Русинот и Велшанецот во продолжение ги губи од мала пристрасност на судиите. Против Бугаринот доминирал, а тој победил со контраверзна одлука.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО