Сашко Арсовски: Задоволен сум од учинокот на каратисти во Истанбул, Павлов е нашиот најголем адут за Олмписките игри (ФОТО)

Вчера македонската јавност се израдува на уште еден медал на нашиот најдобар каратист Емил Павлов на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, што е добар предвсеник за олмписките квалификации. Покрај него забележителни настапи имаа Берат Јакупи, Виктор Крстевски, Абдурахим Идризи.

Селекторот на репрезентацијата, воедно и тренер на Павлов, за учинокот на нашите каратисти на Премиер лигата по едногодишна пауза вели:

„Од настапот во Истанбул главно сум задоволен од вкупниот учинок, знаејќи колку е силна конкуренцијата на самата Премиер лига пред Олимписките игри. Ќе ги издвојам настапите на Берат Јакупи, кој помина три кола и Виктор Крстевски, кој победи во две кола. И, секако, константниот Емил Павлов, нашиот најголем адут за Олимписките игри, со освојувањето на бронзата со четири големи победи“.

За она што следи Арсовски истакнува:

„Следно е Премиер лигата во Лисабон во април, потоа Европското првенство во мај и шлаг на сите активности  е квалификацискиот олимписки турнир во Париз во јуни. Се надевам дека се ќе биде сработено со одличен учинок и ќе обезбедиме олмиписка норма“.

Резултати Премиер лига-Истанбул:
-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан) 3-0
Емил Павлов – Аеф Гаит (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 8-3
Полуфинале
Емил Павлов – Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2-5
За бронза
Емил Павлов – Каизар Алписбаир (Казахстан) 4-1

Абдурахим Идризи – Султан Хусеинов (Азербејџан) 9-1
Абдурахим Идризи – Ада Огузан (Турција) 0-0
Абдурахим Идризи – Садридин Сајматов (Узбекистан) 4-8

Вахик Весели – Бурак Оздемир (Турција) 1-3

-67 кг
Марио Свинарски – Владислав Талдикин (Русија) 0-0

-75 кг
Доан Османи – Луиџи Буза (Италија) 0-4
Репасаж
Доан Османи – Ерен Акурт (Турција) 3-0
Доан Османи – Али Асгар Асибари (Иран) 3-5

Петар Заборски – Елхами Шабани (Косово) 0-0

-84 кг
Петар Спасеновски – Андреј Торошенко (Укарина) 1-1

Виктор Крстевски – Рамазан Азизов (Казахстан) 1-0
Виктор Крстевски – Абдулазиз Атабоев (Узбекистан) 3-3
Виктор Крстевски – Микеле Мартина (Италија) 0-4

Глигор Петков – Валери Сониких (Украина) 0-2

Берат Јакупи – Константин Цимбал (Украина) 11-1
Берат Јакупи – Влад Јорга (Романија) 2-1
Берат Јакупи – Рафаел Ибанез (Шпанија) 2-1
Берат Јакупи – Угур Акташ (Турција) 0-3

+ 84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Коста Рика) 0-1

-55 кг
Јована Георгиева – Асена Пекмезоглу (Турција) 4-6
Милева Марија – Ивет Горонава (Бугарија) 2-5

-68 кг
Ангела Мојсовска – Алиса Бушингер (Австрија) 3-10

Моника Стефановска – Силвија Семераро (Италија) 0-8
Репасаж
Моника Стефановска – Несрин Бужрин (Белгија) 1-4

Кати
Пуликсенија Јованоска е 13-та

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО