Кличко му порача на Путин: Без борба нема да ја освоиш нашата земја

Актуелниот градоначалник и Киев и некогашен легендарен боксер, Виталиј Кличко со своите колеги од локалната политичка сцена вежба одбрана од евентуална руска агресија, пишува германскиот весник „Билд“.

На воен полигон, Кличко вежбаше како да се одбрани од руски тенкови.

„Уверен сум дека треба да бидеме добро подготвени во случај на потреба од бранење на нашиот град, граѓаните и државата“, истакна Кличко, истакнувајќи се одговоирен за безбедноста на луѓето.

Тој најави дека таквите вежби во иднина ќе се одржуваат редовно. Неговата порака, како што истакна за рускиот претседател Владимир Путин, е дека „без борба нема да ја освоиш нашата земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО