Сандерс се закачи со Вајлдер фрлајќи му пилешко!? (ВИДЕО)

Интересни вести од светот на боксот … Били Џо Сандерс во петокот вечерта фрлил пилешко во Дионтеј Вајлдер.

Да, правилно прочитавте.

Според неколку медиуми на островот, инцидентот се случил во ресторан во Белфаст, Северна Ирска. Сандерс и Вајлдер размениле неколку зборови, а малку подоцна Сандерс го фрла храна во шампионот.

Во видео клип на Твитер, кој не е баш со најдобар квалитет, покажува како еден човек на Сандерс бега од ресторанот, а веднаш по него има двајца од групата на Вајлдер кои го бркаат.

Сандерс е пријател на Тајсон Фјури и најверојатно направил остра забелешка за вчерашното соочување меѓу Вајлдер и „Кралот на Циганите“.

https://youtu.be/xl-hSVlTHRk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО