Само Илиевски стигна до репасажот, Корбулиќи и Радичевска со по три победи во Салзбург

Димитар Илиевски е единствениот македонски каратист кој стигна до репасажот на првиот ден од Карате 1 Серија лигата во Салзбург, Австрија. Илевски имаше три победи и еден пораз во пулот, а во репасажот беше поразен.

Денеска блесна и Ферат Корбулиќи со три победи и пораз со нерешен резултат (0-0) на изјаснување. И Сара Радичевска имаше три победи, додека Вероника Костовска две победи и нерешен резултат (0-0) кој го изгуби на изјаснување.

Иако беа во Салзбург не се појавија Берат Јакупи кој  наверојатно е зафатен поради политичкиот ангажман, Сашко Патраклиев и Пуликсенија Јованоска.

Утре може да се надеваме дека тешкашите и најлесните ќе ја поправат сликата, како и двојките.

На Карате 1 лигата – Серија А во Салзбург, Австрија, настапуваат 1416 натпреварувачи.

Резултати

67 кг – 177 натпреварувачи

Димитар Илиевски – Ботони – Сем Деј (Англија) 2-0

Димитар Илиевски – Ботони – Џанлуда Девиво (Италија) 3-1

Димитар Илиевски – Ботони – Хеорхи Макарау (Белорусија) 2-0

Димитар Илиевски – Ботони – Марвин Гарин (Франција) 1-5

Репасаж

Димитар Илиевски – Ботони – Бурак Ујгур (Турција) победа на Ујгур

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Франческо Страно (Италија) 4-0

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Хирото Шинохара (Јапонија) 2-3

Мартин Стојменов – Олимпик спорт – Алексис Респилер (Франција) 5-0

Мартин Стојменов – Олимпик спорт – Уџасислао Шчатко (Белорусија) 0-0

Константин Василевски – Спорт 94 – Ајуб Закарија (Мароко) 2-2

Константин Василевски – Спорт 94 – Дилан ван Моенкрек (Холандија) 0-1

75 кг – 171

Азиз Исмаил – Металург – Мурат Сахин (Швајцарија) 0-1

Ферат Корбулиќи – Металург – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 4-1

Ферат Корбулиќи – Металург – Мартин Ердос (Унгарија) 1-1

Ферат Корбулиќи – Металург – Јалал Бузхер (Мароко) 2-0

Ферат Корбулиќи – Металург – Фатих Сен (Турција) 0-0

Петар Заборски – Макпетрол – Андреа Минарди (Италија) 0-2

Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Иван Мартинац (Хрватска) 0-1

 Доан Османи – Фати – Кевин Кабаши (Швајцарија) 1-0

Доан Османи – Фати – Иван Лулиќ (Хрватска) 2-0

Доан Османи – Фати – Виктор Ксенжик (Украина) 0-3

-84 кг – 124

Виктор Крстевски – Металург – Лудвиг Ингемансон (Шведска)/Михалаче Маријан (Романија)

50 кг – 65 натпреварувачи

Сара Радичевска – Макпетрол – Умај Токџан (Турција) 2-0

Сара Радичевска – Макпетрол – Валентина Тасин (Италија) 2-1

Сара Радичевска – Макпетрол – Сирин Лунес (Франција) 4-3

Сара Радичевска – Макпетрол – Александра Рекија (Франција) 0-3

61 кг – 107

Наташа Стефановска – Макпетрол – Наилја Гатулина (Русија) 0-1

Вероника Костовска – Кеикс – Ана-Мари Ваурик (Германија) 5-0

Вероника Костовска – Кеикс – Рејчел Ерли (Ирска)  6-0

Вероника Костовска – Кеикс – Алисон Берна (Луксембург) 0-0

68 кг – 67

Моника Стефановска – Макпетрол – Ализе Агиер (Франција) 0-1

Ipon.mk/В.Д.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО