Само Берат Јакупи се враќа со победа од Премиер лигата во Токио

Само една победа  на нашите каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Токио, Јапонија, и тоа за Берат Јакупи кој убедливо го совлада Србинот Урош Мијалковиќ со 4-0.

Во второто коло Берат се сретна со светскиот првак Иван Квесиќ од Хрватска и загуби со минимален резултат 0-1.

И Јакупи и Петар Спасеновски се надеваа на репасаж, но во полуфиналето и Квесиќ и Азербејџанецот Ајкан Мамјев се поразени. Хрватот од Иранецот Забихолах Поршаб со 1-2, а Мамјев од Јапонецот Арага Рјутаро со 0-1.

Жарко Арсовски е поразен од Унгарецот Молнар со 1-3, додека вчера Петар Заборски со 0-3 беше совладан од Германецот Бич.

На овој турнир настапуваат 649 натпреварувачи од 337 клуба во светот, односно 79 држави.

Резултати

кати
Пуликсенија Јованоска 20,92 (14,56 + 6,36) седма во третата група
-60 кг
Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 2-3
-75 кг
Петар Заборски – Ноа Бич (Германија) 0-3
-84 кг
Берат Јакупи – Урош Мијалковиќ (Србија) 4-0
Берат Јакупи – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-1
Петар Спасеновски – Ајхан Мамајев (Азербејџан) 1-3
+84 кг
Жарко Арсовски – Даниел Молнар (Унгарија) 1-3

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО