Дастин Пориер: Ќе го шокирам целиот свет

Привремениот шампион во лесна категорија Дастин Пориер изјави дека не чувствува тензија пред битката на неговиот живот. Во сабота ќе се бори против неоспорниот и непоразен шампион Хабиб Нурмагомедов во главната борба на УФЦ 242 во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/B2EYti9nTza/?utm_source=ig_embed

Пориер е во импресивна серија на победи над неколку поранешни шампиони, како и владејачкиот шампион во перо категорија, Макс Холовеј. Дијамантот влегува во средбата самоуверено и верува дека ќе успее да го детроинизира Хабиб и да го запише своето име со златни букви во историјата на ММА.

„Сите очекуваат од мене да бидам поразен и понижен во битката, но можам да настапам подобро отколку што се очекува. Хабиб мора да влезе таму и да доминира над мене. Ќе биде многу лошо ако не влезе во кафезот и не ме заврши рано, како што сите очекуваат“, рече Пориер.

https://www.instagram.com/p/B2CmAJBgyQN/?utm_source=ig_embed

„Мислам дека притисокот е врз него, бидејќи само јас добивам од таа битка. Дефинитивно, ќе го шокирам целиот свет со победа над Хабиб. Сакам да го вратам појасот со мене во САД и да и го дадам на ќерка ми. Тоа ќе биде историска вечер”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО