Жорж Сент Пјер откри зашто не се борел со Хабиб

Легендата на ММА, Жорж Сент Пјер откри зошто не се случи неговиот супермеч  со Хабиб Нурмагомедов. Тој посочи дека УФЦ не сака да ја ризикува кариерата на Дагестанецот.

„Веројатно Хабиб е сериозна инвестиција за организацијата“, објасни Канаѓанецот и додаде:„Тој стигнува до различен тип на клиенти. Можеби од Блискиот исток. Муслиманскиот свет го идеализира. Тој е како икона. Замислете што би се случило доколку инвестираат многу пари за средба меѓу нас и јас победам и во следниот момент се пензионирам? УФЦ веројатно има други планови за Хабиб “.

Сент Пјер зборуваше и за тоа дали има намера да ја обнови кариерата.

„Не е невозможно да се вратам во октагонот, но засега не гледам кога тоа може да се сличи“, објасни поранешниот шампион во две различни категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО