Самбо центарот во Москва се гради со брзо темпо

Сите метални конструкции на новиот самбо центар Лужники во Москва се веќе инсталирани. Така завршува следната фаза од изградбата на големиот проект.

Повеќе од 78 тони метал се поставени на објектот, во кој ќе бидат сместени самбо борачи и боксери во рускиот главен град, пренесува ТАСС.

„Веќе ги инсталиравме сите метални конструкции за новиот спортски петкатен центар“, коментира главниот инженер Рафик Загрудинов.

„За инсталациите користиме специјален кран од големи димензии, кој е направен по нарачка. Ни го доставија со 20 камиони и нè требаа три дена да го составиме. Станува збор за 450 тони“.

Експертот рече дека ова е еден од најважните делови во конструкцијата.

Тој е категоричен дека над 60 отсто од работата веќе е завршена.

Планот е сè да биде подготвено до крајот на 2021 година.

Центарот ќе биде новото омилено место за самбо и бокс во градот. Се предвидуваат лесни атлетски патеки на покривот.

„Особеноста на ова место ќе биде транспарентниот покрив и фасадата. Боречките вештини ќе здобијат ново катче“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

На овој начин, традиционалните руски спортови ќе бидат уште подостапни за тинејџерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО