Рико Верховен застана на 120 килограми на мерењето

Шампионот на Глори во тешка категорија Рико Верховен демонстрираше одлична физичка форма пред неговата следна одбрана.

Холандската суперѕвезда има 120 килограми пред гала вечерта на Глори 77, каде ќе се обиде да го задржи појасот на турнир со уште тројца квалитетни кик боксери.

Хесди Гергес е противник на Верховен во полуфиналето, а еден од Леви Рихтерс и Тарик Хбабес ќе се судри со него при евентуална победа.

Бојната карта импресионира со четири појаси!

Сите борци на Глори 77 денеска успешно го поминаа официјалното мерење и време е за големото шоу.

Резултати од мерењтео:
Основна карта
Артјом Вахитов (94,5 кг) – Алекс Переира (93,8 кг)
Седрик Дамбе (76,9) – Муртел Гроенхарт (76,6)
Леви Рихтерс (110,7) – Тарик Хбалез (107)
Рико Верховен (119,6) – Хесди Гергес (108)
Тифани ван Соест (54,6) – Алин Переира (55,1)
Луис Таварес (94,9) – Донеји Албена (94,6)

Прелиминарна
Мартин Пакас (103,8) – Мохамед Бали (109,6)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО