Саки е подготвен да се бори со Верховен

Поранешниот УФЦ-борец Гокан Саки е подготвен да се соочи со шампионот во тешка категорија на Глори, Рико Верховен, по враќањето во кикбоксот.

Холанѓанецот со турско потекло ја заврши ММА кариерата по 4 години и изрази желба повторно да се бори на кик бокс натпреварите. Саки за холандските медиуми изјави дека се уште не се откажал од оваа идеја, не исклучувајќи ја можноста за напад на титулата на Верховен во неговиот прв меч.

„Сепак, планот е да се вратам во кикбоксот. Сакам таму да направам уште неколку добри борби и да ја завршам кариерата како што треба. Преговарам со повеќе организации. Се е можно. Колку што сакам, гледам можност за нов меч со Рико. Неодамна го прашаа што мисли за дуел со мене. Тој одговори: „Зошто да не“? Тоа беа љубезни зборови од него кон мене, и јас мислам така за средба со него – зошто да не“, рече Саки.

Верховен веќе има една победа над Холанѓанецот со турско потекло, откако го победи со едногласна одлука во полуфиналето на турнирот во тешка категорија на Глори 11 во Чикаго во 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО