Чендлер и Оливеира ќе се борат за титулата на УФЦ 262

Хабиб Нурмагомедов повеќе не е шампион во лесна категорија на УФЦ. Повлекувањето на непоразениот Дагестанец од ММА стана официјално, а со тоа и титулата стана слободна. Организацијата не си го троши времето и организира меч за појасот.

Чарлс Оливеира и поранешниот шампион во Белатор, Мајкл Чендлер, ќе се борат за тронот во лесна категорија. Нивната средба ќе биде дел од борбената карта на УФЦ 262, што ќе се одржи на 15 мај, а локацијата останува тајна.

Оливеира има скор 30-8-1 во ММА и е во серија од 8 последователни победи. Тој е рекордер во победите на УФЦ со завршница и има дури 14. Чарлс доаѓа по големата победа над Тони Фергусон, која ја забележа кон крајот на 2020 година. Опасниот Бразилец заврши 27 од своите натпревари, а 7 порази се со прекин.

Од друга страна, Чендлер има учинок 22-5 во ММА и е во серија од 3 последователни победи со нокаут во првата рунда. Мајкл победи во 6 од последните 7 ММА борби. Поранешниот шампион во Белатор заврши 17 свои меча, а на три меча е нокаутиран во неговите порази.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО