Сакара и Алазов на Белатор во Милано

Белатор уште еднаш ќе се врати во Италија.

Во главната борба на настанот во Милано на 12 октомври ќе има настапи редовниот учесник на настаните на Белатор во таа земја, Алесио Сакара (20-13-2 НЦ).

Ќе се бори против 39-годишниот Американец со скор 8-7 Канаан Григсби.

Американецот изгуби три од последните четири борби и не се борел од мај 2017 година, а беше поразен во 2014 година со завршница од актуелниот шампион на Белатор во средна категорија, Рафаел Ловато.

37-годишниот Италијанец во последниот настап минатиот декември во Џенова беше нокутиран за 70 секунди од Англичанецот Кент Каупинен.

Сакара учествуваше во главните борби на последните четири настани на Белатор во Италија.

Во делот на програмата за кик боксот ќе се одржи реваншот меѓу Чингиз Алазов и Тајландецот Судсакорн Сор Клинме. Во првата борба лани во Торино Белорусинот славеше со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО