Поранешен светски првак осуден на 18 години затвор заради сексуално злоставување на ќерка му

Карлос Балдомир е осуден на 18 години затвор заради сексуално злоставување на 8-годишната ќерка.

48-годишниот Аргентинец беше уапсен во 2016 година по обвиненијата од неговата поранешна сопруга. Судот во Санта Фе го осуди за повторено сексуално злоставување на малолетничка.

 На судењето во четвртокот боксерот ги поздрави насобраните луѓе со подигнат среден прст.

Најголем момент во кариерата на Балдомир се случи во 2006 година кога изненадувачки го победи шампионот на ВБЦ во велтер, Заба Јуда, кој веќе имаше испланиран меч со Флој Мејведер.

Откако ја одбрани светската титула победувајќи го со прекин Артур Гати, беше поразен со едногласна одлука од Мејведер. Во следната борба го предизвика светскиот првак во супервелтер категорија Вернон Форест, но беше поразен со одлука на судиите. Во 2010 година загуби со нокаут од Канело и се пензионира во 2014 година со скор 49-16-6, 15 КО.

Потоа почна да работи како тренер и ја доби наградата аргентинскиот Конгрес за достигнувања во спортот.

Кога за прв пат беа изнесени обвинувањата против него живееше со неговата сегашна сопруга и четиригодишниот син. Има три ќерки од првиот брак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО