Садашиге Като ја продолжи традицијата на семинари во Охрид започната во 1995 година (ФОТО)

Kato seminar so site

Шихан Садашиге Като – 9 дан на 27 и 28 aвгуст во Охрид одржа карате-до семинар, кој е шеф инструкторот на Интернационалната јапонска карате aсоцијација (ИЈКА).

Kato maegeri OHrid

Семинарот го организираше претставникот на ИЈКА за Македонија, Карате-до клубот Шидокан од Охрид, односно инструкторите Глигор Глигороски и Данко Глигороски. Семинарот , како и сите семинари на ИЈКА, беше од отворен карактер и сите инструктори и каратеки беа добредојдени, од сите клубови и асоцијации.

Kato maegeri vo lice OH

„Во тој дух учество зедоа ЈКА КК Самурај од Охрид со инструкторот Ѓоко Томоски и неговите ученици, како и инструкторот на Карате центар „Пејов“, Зоран Пејов. Сенсеи Като предаваше врвно карате, со цел зголемување на квалитетот на каратето на учесниците, како и одржување на конкурентноста на светско ниво“, вели Глигор Глигороски.

Kato vo akcija vo OH

Дражењето на семинари на сенсеи Като во Македонија е традиција која започна во 1995 година, а ќе продолжи во 2017 година.

Ohrid spring seminar na Kato

Kato Oss Ohrid

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО