Русија му забрани на Кадиров одржување на борби со деца

deca-borba-ahmat

Ахмат ММА веќе нема да смее да организира борби на малолетни деца, одлучи министерството за спорт на Руската Федерација.

Министерството утврдило дека промоцијата основана од страна на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров прекршила повеќе прописи, но одлучи само да го предупреди со остро писмо.

На состанокот на кој се расправало за скандалозните борби на деца во Грозни присуствуваа претставници на Министерството за спорт, Министерството за физичка култура и спорт на Република Чеченија и Рускиот ММА сојуз. На 4 октомври на настанот во чеченскиот главен град без заштитна опрема се бореа и тројца синови на Кадиров – 11-годишниот Ахмад, 9-годишниот Зелимхан и 8-годишниот Адам.

Министерството објави дека промоцијата ги прекршиле правилата на Рускиот ММА сојуз во кои стои дека во ММА не смеат да се натпреварува деца под 12 години. Исто така, до 18 години треба да носат заштитна опрема. Министерството, исто така откри дека настанот не бил на официјалниот список на планираните спортски настани, што значи дека тоа беше нерегулирана приредба без официјален надзор.

Ахмат ММА во иднина ќе мора да ги координира настани со Министерството за спорт, со цел да се спречат таквите „неправилности“.

Претседателот на Рускиот ММА сојуз, Федор Емилијаненко, не учествуваше на состанокот. 16-годишната ќерка на познатиот борец беше нападната неколку дена откако Елијаненко јавно го осуди борбите на деца. Но, се уште нема докази кои би ги поврзале тие два случаи.

deca-mma-kadirov

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО