Розенструик предвидува нокаут во 2-рата рунда против Нгану

Непоразениот борец во тешка категорија Жаирзињо Розенструик овој викенд влегува во кафезот против Френсис Нгану.

Двајцата тешкаши ќе се борат за номинација за предизвикувач за титулата. „Биги бој“ има скор 10-0 во ММА и 9 нокаути. Тој доаѓа по импресивната победа со нокаут над Алистер Оверем во последните секунди од 5-тата рунда.

Розенструик покажа дека е опасен во секое време во борбата и е категоричен дека ќе може да се справи и со Нгану. Жаирзињо им го зеде скалпот на многу ривали во кикбоксот и не се плаши од Френсис, кој не е инфериорен во однос на него по силата и физичките параметри. Розенструик на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија, во која напиша дека ќе го нокаутира противникот во втората рунда.

https://www.instagram.com/p/B_5cngNFR5K/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО