Одржано мерењето за повратничкиот УФЦ настан (ВИДЕО)

Во Џексонвил, Флорида, се одржа мерењето за првиот УФЦ настан од 14 март.

Во главната борбана УФЦ 249 поранешниот привремен шампион Тони Фергусон се бори против поранешниот шампион на ВСОФ, Џастин Гејџи, за привремената титула во лесна категорија.

Хенри Сехудо го брани појасот во бантам против поранешниот шампион Доминик Круз за кого ова ќе биде првата борба по скоро три ипол години.

Во три интересни тешкашки пресметки Френсис Нгану се бори против Жаирзињо Розенструик и таа борба најверојатно ќе го даде следниот предизвикувач во тешка категорија. Повратникот по суспензијата Фабрицио Вердум се бори против Алексеј Олејник, а Грег Харди ќе се пресмета со непоразениот борец на Зеленоростките Острови, Јорган Де Кастро.

Ќе се одржи и реваншот меѓу Доналд Цероне и поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Ентони Петис. Во првата борба од 2013 година, „Шоутајм“ го нокаутира Цероне во првата рунда.

Жакар Соуза против Уријах Хол ќе се обиде да ја прекине низата од два порази.

Џереми Стивенс беше претежок за борба во перолесна категорија со Калвин Катар.

Со обѕир на ситуацијата околу пандемијата на коронавирус борците поминаа преку посебен протокол. Нема да има церемонијално мерење за овој настан.

УФЦ 249:
Тони Фергусон (70.3) – Џастин Гејџи (70.3)
Хенри Сехудо (61.2) – Доминик Круз (61.2)
Френсис Нгано (118,6) – Жаирзињо Розенструик (117.9)
Џереми Стивенс (68,3 *) – Калвин Катар (66,2)
Грег Харди (120.4) – Јорган Де Кастро (118,8)
Доналд Цероне (77,6) – Ентони Петис (77,5)
Алексиј Олејник (103.2) – Фабрицио Вердум (110.2)
Карла Еспарза (52.4) – Мишел Ватерсон (52.2)
Уријах Хол (84,4) – Жaкар Соуза (84,4)
Висенте Луке (77.1) – Нико Прајс (77.3)
Брис Мичел (66) – Чарлс Роса (66,2)
Рајан Спан – Сем Алви (93)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО