Роуч: Имаме противник за Мигуел Кото

Miguel Koto

Фреди Роуч, тренер на поранешниот светски шампион во бокс, 35-годишниот Порториканец, Мигуел Кото, вели дека веќе има противник за неговиот боксер, но се уште не му е познат „поради големата уста“.

 „Мигуел ми кажа дека веќе склучиле договор и дека има протвник. Но не ми го кажа неговото име, затоа што ми рече дека имам голема уста и премногу зборувам“.

Последната борба на Кото беше против светскиот шампион Саул Алварез кој ја загуби со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО