Ронда за прв пат во јавноста по поразот на УФЦ 207: Ми ги урадоа медалите, пушките, картиците…“ (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ и една од најголемите ММА ѕвезди на планетата, Ронда Русеј, одлучи да скрши медиумскиот молк и за прв пат да се појави пред јавноста по тешкиот пораз од Аманда Нунес на УФЦ 207. Хулиганката гостуваше во популарното американско ТВ шоу „Во живо со Кели и Рајан“.

Во разговорот откри некои интересни детали што се случиле во нејзиниот приватен живот. Како она што таа и УФЦ тешкашот Тревис Браун се свршиле. Но и дека неодамна доживеала провала и грабеж на својот дом. Дека се ограбени сфатиле пред да заминат во Нов Зеланд, местото каде што требало да следи веридбата, но планот пропаднал токму поради грабежот.

Всушност, Браун требало да побара дозвола од мајката на Ронда, односно да ја побара нејзината рака и да добие балгослов,но со оглед на проблемите со провалниците, работата се одложила.

„Само наминавме до дома пред да отидеме на аеродромот, а Тревис обидував да се измолкне и да отиде до мајка ми, за да ја праша за дозвола. Но, кога влеговме во куќата сфативме дека сме ограбени. Некој, буквално, три дена поминал во мојата куќа, спиел во мојот кревет “, откри Ронда и додаде:

„Ми ги украдоа олимписки медали, моите пушки, мојот скапоцен накит, електрониката и кредитните картички. Имаме камери за надзор, ги погледнавме и видовме дека се работи за една група на деца на скејтборди. Од другата страна на улицата од мојата куќа има добро познато збиралиште за деца кои се возат на скејтборди. Во тој момент, мојот човек, кој има преку 2 метри и 120 килограми, отиде во паркот и ги пронајде провалниците во истиот момент“.

„Беше доволно паметен да не ги удри, бидејќи сигурна сум дека ќе не тужеа, но најде полиција во близина и сите беа уапсени. Знаеја дека тоа е мојата куќа. Не шанси да не знаат. Какви мали мајмуни“.

https://youtu.be/0-VrFmrFRn0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО