Ронда се појави на снимањето на кечерски ВВЕ турнир (ВИДЕО)

УФЦ во текот на овогодишниот самит на „Меѓународната фајт недела“ ја славеше присустноста на жените во нивната промоција, па организираа панел дискусија на тема „Жените во УФЦ“. Нивната далеку најголема ѕвезда Ронда Русеј не беше присутна. Всушност, откако беше поразена од Аманда Нунеш за ронда апсолутно ништо не може да се дознае, а шефот на УФЦ, Дана Вајт, не е сигурен дали поранешната шампион некогаш ќе се врати.

Но, затоа Ронда е видена на почетокот на снимањето на кечерскиот турнир за жени кој го организира ВВЕ/WWE. Се работи за „Меј јанг класик“ турнирот во кој би требало да учествуваат кечерки од целиот свет. Не е познато во каква својство се појави ронда, но се шпекулира дека дошла да и даде поддршка на својата спаринг партнерка Шајна Баслер кој неодамна потпиша договор со ВВЕ и треба да учествува спомнатиот турнир.

Од друга страна, фановите се прашуваат дали Русеј е на прагот на целосна промена на кариерата и премин во професионалното борење. Суперѕвездата на УФЦ претходно се појави на ВВЕ настани. Последно е на Врестлеманија 31, каде што се појави со Рок (Карпата). Овој пат беше во друштво на Трипл Х.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО