Големо изненадување ESPY наградите: Џонсон борец на годината пред Мек Грегор, Ворд, Головкин

Помалку во сенка на другата прес-конференција и соочувањето на Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор остана веста за големото изненадување на годишната, на многу угледната, ESPY спортска награда која ја доделува телевизиската куќа ЕСПН/ESPN.

За потсетување, во категоријата „Најдобар борец на годината“, ЕСПН номинираше петмина борци: УФЦ шампионите Конор Мек Грегор и Деметриус Џонсон и тројца боксери: Теренс Крафорд, Генадиј Головкин и Андре Ворд. Со оглед на одличните резултати на Головкин и Ворд, но и на неверојатна сезона што ја имаше Мек Грегор зграбувајќи го и вториот шампионски појас на УФЦ, малкумина веруваа дека Глувчето би можел да ја добие наградата. Но, всушност тоа се случи. И тоа за инает на УФЦ …

Борец кој во последниве неколку месеци е во немилост на неговиот шеф Дана Вајт и работодавачот УФЦ, е прогласен за борец на годината во ова многу угледно друштво на конкурентите. Ова е трета година по ред еден ММА борец да ја земе ESPY наградата. По Ронда Русеј 2015 и Конор Мек Грегор минатата година, сега таа чест му припадна на шампионот на УФЦ во мува категорија.

Тајмингот на наградата е прилично ироничен, ако се знае дека УФЦ на својот шампион меѓу редови му се заканува со одземање на титулата и укинувањето на целата категорија во која се натпреварува. Проблемите меѓу донеодамна соработниците се настанаа кога Џонсон одлучи да се побуни за висината на своите примања и јавно негодуваше поради некои потези на неговиот работодавец. УФЦ шампионот верува дека неговата организација довлно не инвестира во неговата промоција, а и името на неговиот следен противник е спорно. Потсетуваме, Џонсон пред историската десета одбрана на шампионската титула на УФЦ промоцијата, со што и статистички ќе стабне најуспешениот ММА борец во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО