Ронда Русеј: Мала тајна е колку заработувам

Колку пари прави шампионката на UFC во категорија петел, Ронда Русеј по настапите во и надвор Октагонот?

ronda rusej

„Не е ваша работа“, врати на новинарското прашање.

За жал на „Хулиганот”, која е на мислење дека профитот треба да остане лична тајна, повеќето спортски комисии објавуваат, барем, дел од приходите на борачите по секој настан. На пример, во јули, кога Хулиганот го совлада Алексис Дејвис, шампионката стана побогата за 120.000 долари.

Но, тоа не вклучува ненајавени бонуси , процентите од уплатените тв-права и другите спонзорските хонорари .

„Многу сум среќна и задоволна од парите што ги заработувам. И тоа е премногу лична работа. Не сакам луѓето да знаат колку пари заработувам. Можам да кажам само дека добро се грижат за мене и се чувствувам одлично. Колку што знам и другите членови на организацијата така се однесуваат“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО