Рокхолд со удари го присили Бренч на тапкање, Ломбард загуби четврти пат по ред (ВИДЕО)

190

Во првата борба по губење на шампионската титула во средна категорија Лук Рокхолд (16-3, 6-2 УФЦ) го победи Дејвид Бренч (21-4, 3-3 УФЦ).

Во главната борба на УФЦ Фајт најт UFC 116 во Питсбург, 32-годишниот Рокхолд со ударите во втората рунда го принуди на тапкање ВСОФ шампионот во средна и во полутешка категорија.

https://youtu.be/A0pF06mBVYY

Хектор Ломбард (34-8-1, 3-6 УФЦ) го загуби четвртиот меч по ред. По два примени удари со десната рака во третата рунда од борбата со Ентони Смит (28-12, 4-2 УФЦ), 39-годишниот Кубанец се струполи и судијата Дан Мираглиот брзо ја прекина борбата.

https://youtu.be/P2Rdh0rj1Cw

https://youtu.be/DgUKCqlJyfc

Мајк Пери (11-1, 4-1 UFC) втора по ред борба загуби со нокаут. Со колено во првата рунда го заврши дебитантот и доцната замена Алекс Рејес (13-3, 0-1 УФЦ).

https://youtu.be/8R7HszLeU5M

Јурај Хол (13-8, 6-6 УФЦ) од работ на поразот стигна до победа против незгодниот Пол Кшиштоф Јотко (19-3, 6-3 УФЦ). Јотка по десниот аперкат во првата рунда речиси го заврши на Јамајканецот, но Хол успеа да издржи и во втората рунда со заден директ го нокаутира Полјакот. Хол ја прекина низата од три порази, додека ова е втор последователен пораз на Јотко. Пред поразот од Дејвид Бренч во мај беше со низа од пет победи.

https://youtu.be/at4jun4YT1Q

https://youtu.be/-5EudltrFwg

По разочарувањето во дебито против Марк Годбир, Даниел Шпиц (6-1, 1-1 УФЦ) за 24 секунди го нокаутира на Ентони Хамилтон (15-8, 3-6 УФЦ).

https://youtu.be/-4FG9aaKLb8

Настанот го отвори од страна на Гилберт Барнс (12-2, 5-2)нокаутирајќи го со десен оверхенд во втората рунда Џејсон Сејџ (12-4, 3-3 УФЦ). На Барнс ова му е првата победа во седумте УФЦ битки.

https://youtu.be/CxnqmhB-l3k

УФЦ Фајт најт 116:
Лук Рокхолд – Дејвид Бренч (сабмишн, со удари, Р2)
Мајк Пери – Алекс Рејес (КО, Р1)
Ентони Смит – Хектор Ломбард (ТКО, Р3)
Грегор Гилеспи – Џејсон Гонзалес (сабмишн, давење со триаголник, Р2)
Камару Усман – Серхио Мораеш (КО, Р1)
Џастин Ледет – Зу Ајанву (поделена одлука, 28-29, 29-28, 29-28)
Оливие Обин-Мерсиер – Тони Мартин (поделана одлука, 28-29, 29-28, 29-28)
Даниел Шпиц – Ентони Хамилтон (TKO, Р1)
Јурај Хол – Кшиштоф Јотко (КО, Р2)
Гилберт Барнс – Џејсон Каро (КО, Р2)