Јанески-Насуфи одлични, Нуришов-Лама со контроверзи, Баргала со три победи (ФОТОТ)

На вчера одржаното прво коло на Првата и Младинската лига во боксу чествуваа 8 екипи, а вкупно 11 борби, додека на мерењето се пријавија околу 40 боксери, но за сите нив немаше противници, но секоја екипа, иако не боксираа нивните боксери ќе добијат по еден бод.

Во секој случај, благородната вештина и по заслуга на БФМ, која повлече неколку убави потези за стимулирање на боксот, се враќа на старите патеки.

„Секако, најинтересна беше последната борба во сениорска конкуренција меѓу Гоце Јанески и Алим Насуфи. Тоа беше фајтерска борба, со многу чисти удари. На крајот, победата му припадна на Гоце Јанески. Се чини, овие двајца боксери ќе конкурираат и за ЛОИ Токио 2020 година. Веројатно, ќе мора да ги променат и категориите, бидејќи двајцата настапија во една иста категорија до 75 килограми“, вели Киро Манев од ФБ страницата Штипски Асови и додава:

„И во преостанатите две сениорски борби гледавме убав бокс. Алмир Нуришов го победи Јасим Лама, иако се чини дека Лама беше подобар. Александар Ристевски од Пинк Пантер забележа најбрза победа. По три нок-дауни, Никола Арсовски мораше да се предаде“.
Средбите ги судеа судии од Србија Небојша Живановиќ, Андреја Јанковиќ и Владан Петровиќ.


Резултати

1.коло Првата боксерска и Младинска лига на Македонија 

Кадети
-54 кг Ѓоше Ѓошев (Пинк Пантер) – Елес Асанов (Баргала) 0-3
-63 кг Алпај Демиров (Баргала) – Трајче Илиоски (Ас) 3-0
-66 кг Менан Адемовски (Ас) – Рамон Казимов (Пинк Пантер) 0-3
+80 кг Серген Демиров (Баргала) – Илиќ (Ас) 3-0

Јуниори
-60 кг Андреј Стојановски (Лав Куманово) – Шпенд Гафури (Чаир) 0-2
-64 кг Мугни Ќура (Чаир) – Марко Стојановски (Универзлаци) 2-0
-69 кг Ристе Ристев (Пинк Пантер) – Омер Исени (Шкупи) 1-2
-81 кг Андреј Стојановиќ (Универзалци) – Никола Бубевски (Пинк Пантер -победа) 0-2 со прекин Р1

Сениори
-60 кг Алмир Нуришов (Чаир) – Јасин Лама (Шкупи) 2-1
-60 кг Александар Ристевски (Пинк Пантер-победа) – Никола Арсовски (Лав Куманово) 2-0 со прекин  Р 1
-75 кг Гоце Јанески (Аперкат) – Алим Насуфи (Чаир) 3-0

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО