Рој Џонс победи во последниот меч (ВИДЕО)

Легендарниот светски шампион во четири различни категории Рој Џонс – Џуниор го одработи прошталниот меч на гала вечерта во Пенсакола, Флорида (САД). Противник му беше Американецот Скот Сигман. 49-годишниот ветеран беше многу далеку од најдобрите времиња, но, сепак, убедливо го победи противникот со 98-92 во картичките на судиите.

Тоа беше 66 победа (47 со нокаут) за Џонс, кој има и 9 порази. Тоа е четврта победа за него, но против многу слаби ривали. Во 2003-та Џонс го шокираше светот откако стана светски шампион во тешка категорија со победата над Џо Руиз. Во тоа време во владение имаше три од најпрестижните титули во лесно-тешка категорија.

https://youtu.be/e-RdXdgZLgE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО