Дана Вајт нема да биде изненаден ако Брок Леснар се врати во октагонот

Дана Вајт кратко го коментираше можното враќање на Брок Леснар во УФЦ во едно неодамнешно интервју во кое исто така го сподели своето мислење за Марио Јамасаки.

Како што знаеме, Леснар го имаше своето деби во УФЦ во 2008 година на УФЦ 81 кога се сретна со поранешниот шампион во тешка категорија Френк Мир.

Во 2016 година, по средбата со Марк Хант, Леснар беше позитивен на допинг тестот. Потоа имаше договор со ВВЕ/WWE, но му беше дозволенао средба во октагонот. Леснар доби парична казна од 250.000 долари во декември 2016 година и му беше забрането да се бори една година.

Но, Дана рече дека сè е можно, по прашањето за враќањето на Леснар:

„Брок отсекогаш покажувал интерес да се врати и да се бори во УФЦ, а јас не би бил изненаден ако повторно се обиде“.

Договорот на борецот истекува на 8 април, по WrestleMania 34, но сé уште не е познато дали повторно ќе потпише договор со ВВЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО