АФМ на 16 март ќе го одржи првото Држвно првенство во аики фајт

51

На вчерашната седница на Извршниот одбор (ИО) на Аикидо федерацијата на Македонија (АФМ) е усвоен меѓународниот и домашниот календар за семинари и натпревари во аики фајт.

„Покрај ова, договорен е годишниот семинар за тренерски.лиценци кој ќе се одржи на 24 февруари во Битола, како и првиот Државен натпревар во аики фајт на 16 март во Битола. Потоа следува учеството на „Истанбул опен“, вели претседателот на АФМ, Ѓуро Илиќ.