Хадис Рамадани: Во 9-тата профи борба одам на 9-тата победа!

Хадис Рамадани од КБК Шампион утре го има девтиот профи меч во кик бокс на Фајт најт во Швајцарија за ВСКУ-Швајацарија.

Рмадани ќе се бори со Валдрин Игришта.

„Во 9-тата борба ја очекувам 9-тата победа. Мојот противник е искусен има околу 20 профи борби. Се надевам дека ќе продолжам со победи, бидејќи добро сум подготвен и годинава очекувам подобри резултати од минатата година“, вели нашиот репрезентативец Хадис Рамадани и додава дека борбата е за појас во која треба да се поккаже како многу добар старт за понатаму.

Затоа дали во блиска иднина ќе се бори за некоја голема титула Хадис истакнува:

„Се надевам  да имам шанса да се борам или европски или светски појас“.

Но тоа не се…

„На 17 февруари, една недела по профи мечот ќе настапам на Државното првенство, каде што очекувам триумф и освојување на титулата. Подготвен сум и одам напред“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО