Рој Џонс: Ковалев е готов

Рој Џонс смета дека врвната кариера на Сергеј Ковалев е завршена по поразот со нокаут од Елејдер Алварез.

35-годишниот Русин во Атлантик Сити го претрпе третиот пораз во последните пет натпревари. 2016 година беше поразен со поделена одлука на судиите од Андре Ворд и во реваншот следната година Американецот го порази со технички нокаут.

Ковалев повторно стана светски првак на ВБО откако Ворд ги ослободи титулите и се пензионира.

Рој Џонс покрај рингот ја следеше борбата Ковалев – Алварез во Атлантик Сити, како дел од коментароскиот тим на ХБО.

Веќе во раните рунди видел дека Ковалев не се чувствува удобно во рингот со непоразениот Колумбиец.

„Како што реков и на почетокот на борбата, не ми се допадна како изгледа Ковалев, неговиот израз на лицето и физичките реакции. Алварез со предниот директ го реметеше неговиот тајминг и рамнотежа. Таквите работи нешто ми кажуваат за борецот. Не ми се допаѓа кога ќе го видам тоа“.

„Алварез веќе пет години чека во сенка. Знаеше дека ова е неговиот момент. Она што не интересираше е дали пламенот се изгаснал од предолгото чекање или се уште има оган во Алварез. Ако сè уште има оган во него, може ли да го издржи првичниот налет на Ковалев. Знаевме дека ако може да ја преброди бурата на почетокот на мечот дека може да го добие Ковалева“.

Запрашан дали врвната кариера на Русинот е готова, одговори потврдно.

„Да, мислам дека Сергеј Ковалев со 35 годишни е готов борец. Изгледаше како старец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО