Роберт Наумоски доби награда за живтно дело од Куќата на славните на австралиските боречки вештини

Македонецот Роберт Наумоски синоќа во Сиднеј доби награда за живтно дело од Куќата на славните на австралиските боречки вештини како признание за неговата 35-годишна работа во боречките спортови.

Наумоски инструктор по бразилско џиу џицу, инаку животен повик му е математиката, професор по математика.

„Ми беше чест синоќа да добијам награда за животно дело од Куќата на славните на австралиските боречки вештини, како признание за 35+ години во боречките вештини. Вежбањето боречки вештини, како ученик и како инструктор, го обликуваше тоа што сум во секој аспект од мојот живот, а привилегија е да ги учиш и водиш другите низ нивните боречки патишта. Со нетрпение очекуваме уште многу години“, напиша Наумоски на Фејсбук.

Роберт Наумоски во „Куќата на славните“ на оваа земја како инструктор на годината за БЏЏ во 2016 година.

Ова беше големо признание за Наумоски кој тогаш беше еден од тројцата Македонци, и во нашата земја и во светот, носители на црн појас во бразилско џиу џицу.

Фото: Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО