Рики Барнс ја освои шампионската титула во третата тежинска категорија (ВИДЕО)

Riki Barns -Di Roko

Рики Барнс (01/05/40, 14 КО) влезе во историјата како првиот Шкот и третиот Британец кој има освоено шампионски титули во три тежински категории.

Шкотланѓанецот (33 кг) пред 8.000 свои фанови во Глазгов со прекин во осмата рунда го совлада 34-годишниот Италијанец Микеле ди Роко (01/02/40, 18 КО) и ја освои слободната ВБА титула во супер лесна категорија (полувелтер). Ди Роко пред оваа борба беше непоразен речиси девет години.

Така, Барнс се приклучи на Британците Боб Фицсимонс и Дјук Мек Кензи како трикратен светски шампион. Претходно беше светски шампион во ВБО во супер лесна и лесна категорија.

https://youtu.be/y2xfds6Mg34

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО