Ригондо го сака победникот од Фремптон-Куиг

Gilermo Rigondo

Поранешниот светски шампион во супер перо категоријата, Гилермо Ригондо (Куба) изјави дека сака да се бори со победникот од обединувачкиот меч за светските круни во истата тежински дивизија помеѓу Карл Фремптон и Скот Куиг. Двајцата непоразени Британци ќе се сретнат на 27 февруари во Манчестер. Кубинецот има закажано средба за 12 март против Џез Дикенс (Англија). Средбата е во Велика Британија.

„Доаѓам во Англија, за да победам, а потоа ќе славам и против Фремптон и Куиг. Сакам да покажам дека ги чекам. Тие знаат како да ме пронајдат. Јас сум воин и ќе се борам секаде, дури и во нивниот двор. Фремптон и Куиг ги избегнуваат најдобрите боксери во категоријата, но веќе нема каде да се сокријат“, изјави еден од најголемите техничари во професионалниот бокс, Гилермо Ригондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО