Договорен е реваншот Џошуа – Руиз, во ноември или во декември

Договорен е реваншот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз.

Енди Руиз направи сензација со победата против Џошуа во Медисон сквер гарден и стана сопстевник титулите во тешка категорија (ИБФ, ИБО, ВБО, ВБА).

Во договорот за борба помеѓу Џошуа и Руиз постоела клазула за реванш и сега пристигна потврда дека таа клазула е активирана.

„Се сретнавме со тимот на Џошуа во Њујорк и решивме клазулата за реванш со Енди Руиз Јуниор да биде активирана“, изјави промоторот на Џошуа, Еди Херн.
Во овој момент точниот датум не е утврден, но според она што се најавува борбата ќе се одржи кон крајот на оваа година, во ноември или во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО